Мерцедес сее страв низ улиците - Хулигани со пушки за пеинт бол пукаат во минувачите

Полиција во Нов Белград примила пријави од  четири граѓани кои во таа општина се погодени со топки од пеинт бол.

Полицијата во Белград  ги бара сторителите кои од возила ги гаѓаат минувачите и велосипедистите. Меѓу нападнатите е и фоторепортер од агенцијата Бета Емил Веш,  тој бил нападнат кога се возел на велосипед. 

Фоторепортерот е погоден во колкот, откако го осетил ударот на неговото тело слушнал и смеење од автомобилот марка Мерцедес кој се одалечувал со голема брзина.

На друштвените мрежи неколку граѓани пишале дека и тие биле нападнати од автомобил и тоа во истиот дел на општината Нов Белград. 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега