Туристите пак плачат од охридските таксисти - наплаќаат по “странска тарифа“

 

Туристите кои престојуваат во Охрид се жалат на некоректниот однос на таксистите во централното градско подрачје, објавува ohridnews.

Туристите се жалат дел од охридските таксисти наплаќале по 10 евра во текот на денот, односно 15 евра во вечерните часови за превоз до селата Пештани, Коњско и Елшани, без воопшто да ги вклучат таксиметрите.

-Уверете се сами, направете се странец и прашајте колку чини превоз до Пештани. Ако се ценкате, можете да спуштете до 500-тини денари. Интересно е што цената кај сите превозници е иста, односно договорена однапред. Секогаш прашуваат колку луѓе сме, па по пат да соберат уште некој. Сепак, ретко можете да најдете некој кој ќе ве одвезе до подалечните дестинации со вклучен таксиметар. Обично не ги користа, се пожалиле туристи од Србија, пренесува Ohridnews. 

Инаку, надвор од туристичката сезона, охридските таксисти возат до околните села за околу 300 денари со вклучен таксиметар. 

Ова, пишува Ohridnews, не е невообичаена слика за Охрид.  Изминативе години туристите и самите охриѓани се жалат дека таксистите наплаќаат двојно поскапо во текот на туристичката сезона.

 

најчитано сега