Над 70 лица уапсени за измами во Турција

 

 

Екипи на Канцеларијата за финансиски криминал од Дирекцијата за безбедност во Истанбул и во Измир изутринава извршија акции против луѓе и групи, осомничени за измами, при што се уапсени над 70 лица, јави БТА.

Во акциите освен редовни полицајци учествувале и командоси. Полицајци и командоси упаднале на над 100 адреси во Истанбул и Измирската област. 

Во Истанбул се уапсени над 70 лица, кои се на сослушување во станица. Има голем број приведени и во Измирската област. 

Измамниците преку телефон контактирале и мамеле граѓани, дека добиле апартамн или пари од лотарија, по што земале од нив голема сума пари или ги празнеле нивните банкарски смтки. 

Според истрагата измамниците биле организирани во групи. Во некои од нив имало и странци, кои организирал канали за слични измами и во други земји.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега