Од Нова година Фејсбук ги менува правилата- еве што ќе биде ново
Со првиот ден од 2015 година компанијата Фејсбук ќе воведе нови правила за сите нејзини корисници.
Фејсбук неодамна не извести за нови правила со кои ќе овозможи поголема контрола над податоците, можност за директно купување преку Фејсбук, ограничување на рекламите, но најважните промени се оние за условите за употреба со новото поглавје, посветено на Основите за приватност.
Од компанијата изјавиле дека вакви правила се воведуваат за на корисниците да им "помогнат да поделат одредена содржина со саканата публика". Корисниците ќе можат и да дознаат повеќе за прекинувањето на пријателствата, блокирањето корисници, како и за начинот на бирање публика која ќе може да ја види сека ваша одделна објава.
Новина е и контролата над огласите. Повеќе нема да се случува одредени огласи, кои сте ги исклучиле да речеме на компјутерот да ви се појавуваат на мобилниот телефон.
Во компанијата се експериментира и со опцијата "купи", што подразбира нов начин на онлајн плаќање, директно од Фејсбук.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа