Невремето најмногу ги погоди Скопје и Битола

 

Делови од државата вчера попладне останаа без електрична енергија по невремето што беше проследено со интензивни врнежи од дожд, град и засилен ветер.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија имаше во Битола и во дел од приградските населби во Скопје.

Од ЕВН Македонија информираат дека дефектите се отстранети и оти корисниците се приклучуваат на мрежата.

Поради невремето и електричните празнења настана прекин во снабдувањето со електрична енергија на 35 киловолтната врска кон Битола по што корисниците од Нова Битола останаа без струја. Во прекин беше и 35 киловолтната врска Кондово - Сарај и 10 киловолтната врска Долно и Горно Соње. Прекин имаше и во Горно Лисиче и левиот дел од улицата „Првомајска“.

најчитано сега