Борче Давитковски ќе претседава со Комисијата за 24 декември

Професорот на Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски ќе претседава со Комисијата која треба да ги расветли случувањата пред за време и по настаните од 24 декември. Информацијата преку идентични писмени соопштенија ја потврдија двете најголеми македонски партии.

„Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24 декември. Се работи за проф. д-р Борче Давитковски, актуелен декан на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател  кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и јавноста.

Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани.

 

Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик за евроинтегративниот процес во земјава“ - стои во соопштенијата испратени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од париите се уште не откирваат дали одлуките ќе се носат со консензус.

Борче Давитковски важи за кадар близок со СДСМ. Во 2001 бил наименуван во Правниот совет, функција на која останал до 2005. Од 2002 до 2004 е члан на АД Македонски Телекомуникации.

Во 2005 и 2006 бил члан на одборот за сопственичка трансформација на јавните служби на Република Македонија. Во истиот период е член и на одборот за акредитација на високото образование. Додека СДСМ се на власт, Давитковски бил член и на комисијата за хартии од вредност.

Покрај него, во комисијата членуваат и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и професорите Рената Десковска и Љубомир Фрчковски од СДСМ.

најчитано сега