Министерот Попоски на средба со Бан Ки-мун и Нимиц

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Предвидено е средбата со Бан Ки-мун да се одржи доцна вечерва по македонско време.

Попоски синоќа во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод 20 години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако. На свеченоста покрај Попоски поздравни обраќања имаа и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, потпретседателот на Владата на Словачката Република и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, министрите за надворешни работи на Андора и Монако, Жилбер Сабоја и Хосе Бадија и заменик министерот за надворешни работи на Чешката Република Владимир Гаушка. 

За утре, предвидено е македонскиот министер за надворешни работи да се сретне со посредникот во спорот за името Метју Нимиц.

ФОТО: Влада 

најчитано сега