Не може да поверува дека повеќе ја нема неговата малечка - таткото на Хелена се обиде да се самоубие

Дарко Крсмановиќ (33) татко на трагично настраданото осумгодишно девојче од Ресник е пуштен од полицијата откако една ноќ помина во притвор.

Според извори на „Блиц“ тој се обидел да се самоубие веднаш по пуштањето на слобода.

Хелена Крсмановиќ настрада во неделата во нивната куќа во Ресник. По враќањето од лов таткото на несреќното девојче ја оставил наполнета пушка на масата во дневната соба и отишол на катот од куќата за да разговара со својата сопруга и нејзините родители. Тогаш во дневната соба влегле Хелена и нејзиниот четиригодишен брат Филип кој случајно го повлекол орозот и ја усмртил сестрата.

Во нивната семјна куќа во Ресник се собираат роднините, соседите и пријателите за да им дадаат сочувуство. Ресник ја оплакуваше малечката Хелена, ученичка во второ одделение. Шокирани од трагедијата побараа од новинарите да не ги вознемируваат.

Соседите пак не можат да сфатат како малечката Хелена го загуби животот. Во куќата сите мажи биле искусни ловци, а тоа подразбира и средување на оружјето и негово ставање на безбедно место после ловот.

Куршумот кој Филип го испукал ја погодил Хелена во глава. И немало спас, била смртно погодена во истиот момент, а кога дотрчале родителите по пукањето ги дочекала грозоморна глетка.

За време на увидот мајката Јелена плачела на каучот. Нејзиниот сопруг Дарко се обидле да се смаоубие, но го спречиле лекарите кои му дале седативи. Малечкиот Филип е згржен кај тетка му и не е целосно свесен за трагедијата што ја предизвикал. Велат дека престанал да зборува.

Таткото сега се чувствува како да убил две свои деца, зошто таквата трагедија е преголем шок за детето. Лузните кои му ги оставил тој куршум на него не се видливо, но кога тогаш може да се појават. Таа траума со ништо не може да биде ублажена. Постојат само начини да се надмине таков трагичен настан, но на детето мора на време да му се помогне, велат криминолозите.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега