„Драгана не е единствената која е ѕверски убиена - селото е проклето!"

Речиси истото сценарио кое и се случи на несреќната Драгана од Салаш, се случило и претходно во истото село. Како што пишува српскиот Курир, зајечарското село покрена голем интерес по грозоморното убиство кое се случи неодамна, во кое беше убиена 18-годишната Драгана. Ова не е прво грозоморно убиство во селото бидејќи претходно 28-годишниот Дарко Стефановиќ ја убил својата девојка, Александра Стојановиќ, која тогаш имала само 16 години.

Се случило речиси истото крваво сценарио. Во месец јули во 2009 година Дарко ја убил малолетничката, пукајќи и во главата со пиштолот на татка си. Потоа, откако ја убил и самиот ис го одзел животот со истиот пиштол. Телата ги пронашол таткото на момчето кога се вратил утредента од работа. 

И овој трагичен настан се случил откако Дарко со месеци и се заканувал на Александра праќајки и пораки на телефон, бидејќи бил љубоморен. 

Сепак, не се само девојките жртви на проклетото село, како што велат мештаните. Во август минатата година младо момче го загубило животот во страотна сообраќајка, откако пред неговиот мотор истрчало куче.

Селаните велат дека има нешто проклето во селото, пренесе српскиот Курир.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега