Му забил нож во срцето за 50 динари

Воислав С. (51) е свирепо убиен синоќа околу 23:20 часот во кафеанска расправија на улицата Цер во Врачар со забодување на нож во срце.

Според првичните информации на убиството му претходело арогантно однесување од гостинот Воислав С. поради што дошло до расправија, а потоа и тепечка, кога келнерот Миодраг Љ. (58) наводно извадил нож и му го забил директно во срцето и тоа за 50 динари. 

-Миодраг беше дежурен, по 22 часот сакаше да наплати, а убиениот зема уште една ракија од 50 динари. Не сакаше да извади пари, па започнаа жестока расправија, велат извори за српскиот Курир.

Полицијата од Врачар по пријавувањето на случајот, веднаш го привела осомничениот Миодраг.

 

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега