Кина подготвена да ги зголеми инвестициите во ЦИЕ

 

 

 Кинескиот премиер Ли Кечијанг  синоќа истакна дека Кина е подготвена да ги зголеми инвестициите во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и додаде дека соработката на Кина со овие држави е дел од соработката со Европската унија. 

Тој на прес-конференција заедно со српскиот премиер Александар Вучиќ, по самитот во Белград, истакна дека присутните лидери потенцирале оти соработката со Кина има голем потенцијал. 

- Соработката на Кина со регионот на ЦИЕ е во согласност со процесот на европска интеграција и правните рамки на ЕУ, додаде Ли.

Тој порача дека Кина може да понуди опрема и финансиска поддршка во изградбата на инфраструктурата и оти тоа може да и помогне на Европа во воспоставувањето на единствен пазар и да го олесни проширувањето на Унијата.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега