Зона 51: Тајната вредна милијарда долари - што се крие во пустината Невада?
Просторот во пустината во државата Невада властите отсекогаш го држеле под голема тана. Наводно во добро скриените хангари се кријат вонземјански летала, но и живи вонземјани.
Зоната 51 е воена тајна база, која се наоѓа во јужниот дел на американската држава Невада, околу 130 километри северозапао од Лас Вегас. Главната база, која се назива во Дримленд, и Парадајс Ранчот, е за развој и тестирање на експериментални воени воздухопловни вооружувања.
Зоната е дел од подрачјето „Nellis“ а воздушниот простор околу базата со кодното име R-4808 и површина 37x40 километри е ограничен за летање. Воените пилоти често го нарекуваат “кутија“. Неавторизираните летови во овој воздушен простор повлекуваат зад себе воен суд или затвор.
Околу целата база поставени се сензори за движење, а најмени се заштитници познати како Camo Dudes, поради нивните камуфлажни униформи со кои патролираат.
Во близина на Зоната 51 направен и е најголемиот атмосферски нуклеарен тест во историјата, на локацијата Yucca Flats, со јачина од 5 бомби фрлени над Хирошима.
Базата е крајно тајна, а нејзиното постоење долго го негираше и самата американска влада. Поради тоа околу зоната 51 настанале бројни теории на завери, а некои тврдат дека во неа се наоѓа и скриено неидентификувано летало или НЛО.
ЦИА: Зоната 51 постои, но во неа нема НЛО
Во август 2013 година ЦИА објави документација која го докажува постоењето на мистериозната зона, но нејзината намена е многу поинаква од она што во јавноста се верува.
Според овие документи, Зоната 51 воглавно служи за тестирање на владини програми на воздушниот надзор како U-2 и OXCART. Шпиунскиот воздухоплов U-2 може да прелета огромна површина на голема висина и да се најде во воздух цели 12 часа. Имал за намена да ги надгледува руските и другите комунистички територии во текот на Студената војна.
Овие информации ги разочараа многумина кои дури и го посетиле спорното подрачје за да ги потврдат сомнежите за вонземјани. Сепак оние вистинските заговаратели на теории веруваат дека траговите од НЛО-то се вистински и дека се добро прикриени во Зоната 51.
Во базата живеат вонземјани J-ROD и работат со луѓето?
Првата теорија на завера во Зоната 51 се појави во средината на 20 век. Се претпоставува дека во Зоната 51 се скриени телата на вонземјаните кои се на планетата стигнале по падот на вселенскиот брод во Розвел во државата Нови Мексико. Се верува дека внатре во подрачјето се скриени и други напредни летала кои луѓето не ги произвеле но се обиделе да ги копираат.
Се знае дека во Зоната 51 полетале шпионски авиони U-2 и неговиот наследник SR-71 Blackbird. Подоцна се направени летови од страна на F-117 и F-22, таканаречени „невидливи“ авиони кои користат стелт технологија.
Некои се сомневаат дека во неа постои вонземјанинот по име J-Rod и дека тој како еден од преживеаните од срушеното летало кај Рузвелт 1947 година, наводно работи со луѓето во базата, а неверојатната приказна јавно ја прикажале двајца поранешни вработени во базата.
„Научникот“ тврдел дека работел на вонземјанското летало
Во 1989 година самопрогласениот научник Роберт Лазар раскажал на Џорџ Кнап, новинарот на мрежата KLAS-TV во Лас Вегас, како во текот на својата работа во Базата 51 имал прилика да работи на леталото. Тврди дека бил вработен во оделот S-4 во кој имал увид на документите кои укажуваат дека се правело истражување на антигравитацискиот реактор за погонскиот систем.
Бил шокиран, но повеќе бил изненаден кога го одвеле во еден хангар и му покажале девет летачки дискови на вонземјански објекти.
Објаснил како дисковите за летањето користеле антигравитациски погон благодарение на елементот 115, кој што на планетата Земја не постоел. Ниту пак можеле да бидат синтетизирани затоа што мора да дојдат од подрачја на кои настануваат природни процеси. Според неговата приказна американската влада од вонземјансите летачки дискови, успеала да собере 230 килограми елемент 115.
Станува збор за хемиски елемент со привремено име, кој во периодниот систем на елементи го носи системот Uup. Еден од најтешките хемиски елементи откриени и не може да се пронајде во природата. Американските и руските научници со заеднички сили успеале да го синтетизираат во 2004 година. Добиениот елеметн „живеел“ дури 160 милисекунди, поради својата неверојатна нестабилност. Теоретичарите на завери во зоната 51 често го споменуваат мистеризниот елемент 115 за кои тврдат дека се користи во вонземјанската технологија.
По објавеното интервју на Лазар почнаа да се јавуваат многумина кој тврделе дека на небото над Зоната 51 има необични светла кои се движеле во маневри кои се невозможни да се изведат од воздухопловната земјена технологија. Некои дојави за необични летови ги објави и угледниот магазин Aviation Week &Space Technology.
Никогаш не е докажано дека таму работел
Приказната на Лазар е нешто помалку уверлива со самото тоа што неговото делување во Зоната 51 како и неговото образование не било можно да се потврди. Во 1990 година е уапсен поради поврзаноста со еден бордел во Невада.
Десет години подоцна ја оформил компанијата United Scientific Equipment and Supplies која најавила материјали за научни испитувања како радиоактивна руда, силен магнет, и лабораториски хемикалии. Компанијата тврди дека имаат повеќе од 400.000 задоволни клиенти меѓу кои се и школо, научни аматери и студенти.
Во Розвел се срушил авион со деца кои биле пренесувани во Зоната 51?
Според критичарите една од најдобрите и најтемелни книги за Зоната 51 е напишана од новинарката Ани Јакобсен. Во книгата под име Зона 51 пишува за нецензуираната историја на најтајната американска воена база. Таа го има интервјуто со научниците кои работеле во истата и заклучила дека вонземјаните сепак не немаат посетено.
Според нејзината теорија, Сталин ангажирал нацистички монструм Џозеф Мангел за да произведе гротески деца пилоти. Требале да слетаат во САД и да создадат паника слична на онаа која ја предизвика режисерот Орсон Велес во својата радио драма Војна на световите.
Но леталото се срушило во Росвел во Ново Мексико, а Американците го заташкале целиот случај.
Ани Јакобсен тврди дека се пронајдени тела на деца стари 12 години, со абнормално големи глави и неприродни големи црни очи. Биле тоа човечки заморчиња. Леталата всушност биле нацистички тестирани воздухопловни летала Horten Ho 229 кој бил запленет по Втората Светска војна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа