Демир Капија: Го натоварил мерцедесот со Сиријци и тргнал на пат
Четворица сириски државјани се пронајдени во средата попладне во автомобил кој сообраќал на патниот правец Гевгелија - Скопје. Како што информираат од полицијата, вчера околу 16 часот и 45 минути запреле возилото „мерцедес вито“ кај тунелите кај Демир Капија управувано од страна на жител на село Количари, Градско.
Сириските државјани кои влегле илегално во Македонија и возачот се приведени во полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Оцени ја веста
11.12.2014 - 15:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа