Тирана најевтин туристички град во светот

 

Главниот град на Албанија, Тирана е прв на листата на најевтини градови според индексот на цената на сместување, градскиот превоз и други услужни дејности, Софија е на трето место, Белград на деветото, а Скoпје го зазема 13-то место, објави интернет страницата GoEuro.com со седиште во Берлин.

Истражувањето е направено во 150 градови во светот со капацитет на сместување поголем од 60 илјади кревети.

Според истражувањето, од клучно значење за сите кои сакаат да патуваат се континуиранипт раст на хотелската индустрија и безбедносната ситуација на крајните дестинации.

На ранг-листата кој ја објави GEuro.com, Скопје е меѓу 15 градови со најприфатливи цени во светот за сместување во сите категории.

Кога се работи за цените на сите услужни дејности, Њујрок е рангиран како најскап град, а Тирана како најевтин. Софија се наоѓа на трето место кога се во прашање градовите со најниски цени, Букурешт е на седмото, а Белград на деветото место.

GoEuro.com објавува резултати од истражувања и информации за патувањата по Европа, преку споредби или комибинација на можности за патувања со авион, воз или автобус. 

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега