Запленети серверите на „Пајрт беј“

 

Шведската полиција изврши претрес на серверите на страницата за споделување податоци „Пајрт беј“ во Стокхолм.

Според портпаролот на шведската полиција, Пол Пиндер, рацијата е извршена откако шведската организација за заштита на авторските права Рајт алијанс го пријави Пајрт беј за наводно кршење на авторските права, додавајќи дека некое време по рацијата интернет страницата Пајрт беј не била достапна.

Рајт Алијанс на својата страница објави дека Пајрт беј нуди незаконски комерцијални услуги остварувајќи на тој начин значителен профит. 

Пајрт беј е една од најголемите страници за размена на податоци на кој милиони корисници нудат „преземање“ музика, филмови и компјутерски игри и програми.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега