Љубоморен љубовник со бомба ја разнел куќата на сопругот на неговата девојка

Храватската полицијата се сомнева дека девојката го наговорила својот 35-годишен љубовник да фрли бомба во дворот од куќата во Копривница во која се наоѓал нејзиниот 36-годишен сопруг.

Тој во експлозијата се здобил со сериозни и тешки повреди. Со намера да го усмрти 36-годишниот маж, љубовникот ја активирал рачната бомба и ја фрлил во дворот во момемтот кога тој се враќал од работа.

Мажот веднаш е пренесен во болница и се бори за живот.

 

Осомничениот двоец е приведен, а полицијата ги утврдува мотивите за обидот за убиство. Според, засега неофицијални информации, осомничените биле во љубовна врска.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега