Судењето за убиството на матурантот Ангел пред Нова Година

За 29-ти декември Основниот суд Скопје 1 го закажа стартот на судењето за убиството на матурантот Ангел, кое се случи во мај годинава во скопската населба Ѓорче Петров и ја зави Македонија во црно.

Како што јавува Вест, според обвинението на 19 мај годинава, околу 17 часот, во дворот на семејната куќа на семејството на Ангел, осомничениот, Насер Е., кому според обвинението ќе му се суди за тешка кражба и за убиство со умисла,  на дрзок начин одзел еден велосипед. Влегол во дворот, па откако бил забележан како го краде велосипедот од страна на таткото на сега покојниот Ангел, се качил на велосипедот и со него побегнал. По кражбата се упатил кон пешачкиот мост кој води кон селото Сарај, каде го пресретнал сега починатиот Ангел. Извадил нож и замавнал два пати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош.Ангел изгубил многу крв и за жал лекарите не можеле ништо да направат...

Обвинетиот беше фатен веднаш по убиството и од тогаш се наоѓа во притвор во Шутка.

 

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега