ЕКСКЛУЗИВНО: Големо апсење во Западна Македонија - Паднаа над 10 лица меѓу кои и адвокати и извршители

Над 10 лица се уапсени во голема полициска акција која утрово се спроведувала во Западна Македонија, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, приведена е поголема група која подолг период се занимавала со насилен криминал. Приведените според првичните информации се занимавале со лихварство, насилство и перење пари. Меѓу приведените, како што дознава Press24 има и познати адвокати и извршители кои и помагале на групата преку склучување фиктивни договори и слични малверзации.
Полицијата имала многу работа на терен а при претресите, еден од осмничените почнал да пука кон полициските службеници. За среќа, добро подготвените Тигри на македонската полиција успеале да го совладаат и брзо да јавратат ситуацијата под контрола. 
Според првичните информации во акцијата одземени се и поголем број на луксузни возила.
Од МВР за Press24 и официјално го потврдија случајот. Од таму велат дека повеќе информации ќе објават во текот на денот.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега