Вечерва: Сообраќајка во Кавадарци - возачот побегнал

Вечерва околу 19 и 30 часот на улицата ЈНА пред општинската зграда на Локална Самоуправа Кавадарци се случи сообраќајна несреќа. Во судирот учествувале две возила кои претрпеле обострана штета, јави Мојотград.ком.

 

Едниот од учесниците го напуштил местото на несреќата и избегал во непознат правец.

Според очевидци станува збор за теренско возило со темна боја.

Секоја информација е добредојдена до МВР Кавадарци, пишува порталот.

Во другото возило имало мало двегодишно дете.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 00:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега