МВР се огласи по експлозиите во Тетово и Куманово
МВР официјално демантира дека се нападнати полициските станици во Тетово и Куманово.
„Пријавено беше дека во близина на полициските станици во овие градови се слушнале експлозии. Екипите веднаш излегоа на терен. Утврдено е дека не се нападнати полициските станици и дека нема никаква штета ниту на полициската станица во Тетово ниту на станицата во Куманово. Увидот се уште трае, а по неговото завршување ќе знаеме точно за што станува збор“ - велат од МВР за Press24.
Претходно албански медиуми објавија дека биле нападнати полициските станици и дека нема повредени.
Видео од Тетово во моментов можете да погледнете тука
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа