Детали за експлозиите во Куманово и Тетово

Албански портали пишуваат дека вечерва се фрлени бомби врз две полициски станици, едната во Куманово, а другата во Тетово при што нема жртви.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во изјава за Плусинфо ги демантира ваквите информации.

- Не е бомба и не е во полициската станица. Нешто се слушнало надвор, но ова се само првични информации кои ќе морам да ги проверам за што точно станува збор - вели Јосифоски. 

Албанските портали јавуваат дека вечерва околу 22 часот на полициската станица во Куманово, непознати сторители фрлиле експлозивна направа.

Според неофицијални пренесени информации, најверојатно се работи за рачна бомба кашикара, која била подметната во шахта од улицата кај основното училиште „11 Октомври„ .

Од експлозијата нема повредени полицајци, само било оштетено едно возило.

Од МВР, како што јавува Сител, демантираат дека се нападнати полициски станици во Тетово и Куманово.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега