Не се нападнати полициските станици во Тетово и Куманово

Нема напад врз полициските станици во Тетово и Куманово, јавува Сител. Според информациите кои ги објави телевизијата повикувајќи се од извори на терен, во двата града се слушнале експлозии но според официалните информации од МВР, не станува збор за напад на полициските станици како што објавија неколку албански медиуми во земјава. Сител објави дека станува збор за обид на албанските медиуми да креираат тензија.  

Потврда на ифрмациите на Сител дојде и од портапролот на СВР Тетово Марјан Јосифосвски. Тој за Плусинфо изјавил дека не станува збор за бомба и дека експлозија во дворот на полициската станица немало.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега