Го извадил пиштолот и му го вперил во стомак - инцидент во тетовско училиште!

Тетовската полиција работи на случајот во кој ученик успеаа да влезе со огнено оружје во училиштето „Истигбал“ во Тетово, и да му се закани на свој соученик, насочувајќи го пиштолот директно во неговиот стомак.

Инцидентот се случил веднаш по завршувањето на петтиот час, пишува Канал5.

Насилникот дошол пред училницата каде што во тој момент бил нападнатиот ученик, и по кратка вербална расправија, тој го извадил оружјето, и го посочил директно во неговиот стомак. Откако уплашеното момче викнало по класната, напаѓачот веднаш го сокрил оружјето „црвена застава со калибар 9 милиметри и 10 куршуми, и го фрлил во корпата за ѓубре. Празната рамка пак ја фрлил во тоалетот.

Во текот на истрагата било утврдено дека пиштолот му припаѓал на неговиот дедо, кој истиот го поседувал со дозвола.

 

Полицијата работи на случајот и најави поднесување на соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега