Хрватите ја отворија најголемата фабрика за бурек во светот

Кон средината на минатиот месец во Осијек пуштена е во работа првата специјализирана фабрика за бурек, пишува Гласот на Славонија.

 

Идејата за изградба ја одбил претприемникот Мато Шкојо, првиот човек на пекарата „Млинара“, која ја купил пред пет години.

 

Откако се покажа дека бурекот на хрватскиот и странскиот пазар станува се позначаен сегмент, Шкојо преку својот ланец пекари инвестирал во нова фабрика за бурек, чијаизградба чинела околу  пет милиони евра.

Моменталниот капацитет на фабриката е 430.000 парчиња бурек дневно, а кога погонот ќе ги добие двете дополнителни линии, се планира тој број да биде 700 илјади парчиња дневно.

Во процесот работат 40 вработени, а според планираното со зголемување на капцитетот на производство во фабриката ќе работат 110 работници.

 

Осијечкиот бурек веќе се извезува во многу европски држави, а наскоро и во Австрија.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега