Пијан велешанец нападнал и искасал полицаец

55-годишниот  велешанец В.Б кој бил под дејство на алкохол нападнал полицајци.

Во населбата Чашка, велешко, во УО„Дац“, полициски службеници при интервенција по претходно нарушен ЈРМ од страна на В.Б. од н.Чашка, кој бил видно под дејство на алкохол биле нападнати.

Тој физички го нападнал едниот полициски службеник удирајќи го со двете раце во пределот на градите, а другиот полициски службеник го каснал со забите во пределот на левата рака.

В.Б. бил приведе и во полициската станица повторно физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите.

По целосно расчистување и документирање на настанот против В.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега