Го доев бебето кога слушнав удар- во дворот до сега им влетале 30 автомобили

„Го доев бебето кога слушнав кочење и удар. Погледнав низ прозорот и видов дека нема ограда“ – опиша Ана Катиќ (20). Тоа се случи минатата недела кога во дворот им влета „BMW“.

 

Откако семејството во 1995. година се доселило во местото Лука, помеѓу Запрешич и Забок, во дворот им влетале повеќе од 30 автомобили. Станува збор за непрегледна кривина која се наоѓа на еден рид, која додека врне возачите кои сакаат да возат побрзо ги катапултира директно во двор на семејството Катиќ.

„Пред три дена во нашата оградата се удри автобус“ – изјави Ана. Излетал од патот откако во него на кривината се удрил „Audi A6”.

- Замислете је таа брзина кога од ударот му испадна тркалото, само што бил на сервис да стави нови гуми - изјави нејзиниот сопруг Иван (27).

Дворот постојано им е полн со остатоци од искршени стакла. Проблематично е и 100 метри пред и после кривината. Возачите и таму излетуваат од патот. Соседите им помагаа, но двајца загинале, Катиќ изјави дека во општината тврдат дека во знакот кој е поставен на кривината е сосем доволен.

- Воопшто не ми е грижа за оградата! Тука секој ден поминуваат и деца кои одат на училиште“ – изјави Иван.

А некои од соседите ја обвинуваат и соседната нива за која во местото се зборува дека некогаш тука се наоѓале гробишта.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега