Автомобилот целосно смачкан - лекарите се борат за животот на повреденото момче кај ОХИС

Остатоците од искршените автомобили говорат за страотната сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 22 часот во близина на фабриката ОХИС. 

24 годишен Кратовчанец се уште се бори за живот на скопските клиники, а докторите прават се што можат да му го спасат животот, јавува Алфа.

Во директниот судир меѓу “Пасат” со скопски регистарски таблички и “БМВ” со кумановски, подебелиот крај го извлече 24 годишникот од Кратово, кој управувал со БМВ-то.

Поради сериозноста на повредите околу 23 часот бил примен во ургентниот ценар, но поради сериозноста на повредите префрлен е на КАРИЛ.

Возилата се веќе дадени на вештачење.

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега