„Нејзиното мало срце нема да издржи" - Ќеркичката на Марија се уште не знае дека остана без мајка

Марија Милешиќ (28) која во понеделникот трагично го загуби животот на Сомборскиот булевар во Нови Сад, погребана е вчера на градските гробишта. Со солзи и плач, скршени од болка, од неа се простија мајката Весна, сестрите, свекрвата и многубројните роднини и пријатели, но не и сопругот Милан Ѓармати, кому му се слошило кога тргнал кон гробиштата.

Семејството, пријателите и роднините, цела колона луѓе, вчера дојдоа да и оддадат почит на младата мајка која го загуби животот и го зави Балканот во црно.

-Како и да и кажеме на Теодора кога ќе се вратиш од работа коге што отиде? Како да и кажеме дека те нема повеќе? Нејзиното мало срце нема да може тоа да го издржи. Замина без поздрав и ги остави твоите најмили да тагуваат и плачат за тебе - рече нејзин роднина.

- Многу е тажно што сега детето ќе расте без својата мајка, која сега му е најпотребна - велат роднините, кои се движеа покрај ковчегот на кој се наожаше голема солза од бело природно цвеќе.

Нека почива во мир!

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега