ФОТО: Прегазено девојче во Центар

Женско лице е прегазено денес околу 12:10 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на студентскиот дом „Кузман“ во Скопје, дознава Курир.

Очевидци за Курир велат дека прегазено било девојче, а во моментов полицијата извршува увид. Во женското лице удрил автомобил „Опел“, такси возило.

Повредената е веднаш пренесена во Ургентниот центар, но засега нема информации за нејзиниот идентитет, ниту за здравствената состојба.

Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало дека тој нема присуство на лакохол во крвта.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега