Девет лица барани со потерница паднаа во рацете на битолската полиција

Секторот за внатрешни работи-Битола соопшти дека приведени се девет лица од Битола и Прилеп кои во претходниот период биле барани со потерница.

На подрачјето на полициската станица Битола беа барани Т.Н.(46), по распишана потерница и осуден на казна затвор од 5 години и 6 месеци од кои издржал 2 години и 6 месеци, Р.Е. (29), по распишана потерница и осуден на казна затвор од 7 години и 11 месеци, од кои издржал 7 години и 22 дена, има за издржување уште 5 месеци и 8 дена, потоа Д.Ѓ.(25) кој бил осуден на казна затвор од 6 години и 1 месец, одлежал 6 месеци има за издржување уште 5 години и 5 месеци, а приведени се и Р.Ш (29) врз  основа на наредба од Општински Суд (ОС) Битола и  В.П. (37) исто така врз основа на наредба од ОС-Битола за издржување на казна затвор.

Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола информираат дека на подрачето на полициската станица Прилеп приведени се Б.К.(41)  осуден на 2 месеци затвор, Д.Р.(43) осуден на 3 месеци затвор, Ф.А. осуден на 5 месеци затвор и З.Н. (33) по распишана меѓународна потерница, лицето е екстрадирано од Хрватска и спроведено во затворот во Прилеп.

Приведените и спроведени лица се извршители на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, како и кражби и разбојништва, посочуваат од СВР-Битола.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега