Албанец лажел дека е Италијанец на „Александар Велики“

Регионалниот центар за граница „Север“ поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин В.М.(27) за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На 28.11.2014 година на граничниот премин Аеродром „Александар Велики“ на излез од Република Македонија пријавениот на пасошка контрола употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин.

По преземени мерки е утврдено дека пријавениот фалсификуваната лична карта ја набавил од непознато лице во Тирана-Р. Албанија, за износ од 1.000 евра, со цел да замине со неа во Англија.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега