Русија со забрана за увоз на овошје и зеленчук од Албанија

 

Русија забрани увоз на албанско овошје и зеленчук. Наметнувањето на ембаргото кое влегува во сила на 8 декември 2014 година, е поради сомневањата од страна на Владата на Дмитриј Медведев во Москва, во тоа дека Тирана извезува храна од Европската унија. 28-те, Норвешка, САД, Канада и Јапонија воведоа ограничувања на трговијата со Русија со предмети кои можат да се користат и за мирни, и за воени цели, заради интервенцијата на Москва во Украина.

Како одговор на мерките, рускиот претседател Владимир Путин, потпиша закон со кој се забранува увозот на храна и пијалоци.

Денес од санитарна служба во Русија изјавија: Албанија била користена како покритие за увоз на земјоделски производи од ЕУ. Заедно со Тирана, откривме и илегална печатница во Чешка, која произведувала лажни етикети за албанско потекло на храната.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега