Ужасни услови за бегалците во Грција

 

 

Илјадници мажи, жени и деца од земјите зафатени со војни, кои ги ризикуваат своите животи обидувајќи се со чамци да пристигнат до грчкото крајбрежје, во Грција ги очекуваат очајни услови во бегалските кампови и нефункционален пристап за прифаќање, предупреди денеска организацијата Лекари без граници.

Во извештајот на организацијата се наведува дека многу изнемоштени имигранти минуваат по неколку дена спиејќи под отворено небо или во мали затворски ќелии во гратчињата на грчкиот брег, пред да бидат префрлени во поголеми центри во внатрешноста на земјата.

- Имало случаи кога во ќелиите наменети за пет лица биле сместени дури 53 луѓе. Условите кои им се дадени по толку мачен и напорен пат се срамни и опасни за здравјето, изјави координаторот на „Лекари без граници“, Костас Георгакас.

Грција, заедно со Италија, е најчеста европска дестинација на која пристигнуваат бегалци од Блискиот исток и Африка, во потрага по подобар живот во некоја од европските земји. Само минатата недела 591 лице, главно од Сирија, пристигнале на грчкиот остров Крит поради дефект на бродот со кој патувале.

Шефот на мисијата на Лекари без граници во Грција, Апостолос Веизис истакна дека државата не обезбедува здравствени прегледи за имигрантите кои пристигнуваат на островите. Според него, посебно лоши услови има на островот Сими, во близина на Родос. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега