Го врзале и му ја залепиле устата - хорор за штипјанец на работното место

Штипјанец поминал низ вистински пекол откако синоќа неколку минути по полноќ на улицата „Железничка“ неколку маскирани лица го врзале и ограбиле. Се работи за 54-годишниот С.М. вработен како чувар, кој преживеал хорор откако насилниците ја прескокнале оградата, влегле во стражарската куќичка и со селотејп трака му ги врзале рацете, нозете и му ја залепиле устата, по што излегле надвор и од магацински простор и одзеле неколку вреќи полни со бакар и цевки од фрижидери.

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега