Властите на БиХ добија закана од терористите

 

Босански екстремисти се заканија дека за нивната држава доаѓа судниот ден, бидејќи властите дозволиле во Австрија да бидат уапсени 14 лица осомничени за регрутирање на џихадистите и финансирање на терористичките организации.

Како што пренесуваат медиумите, тие преку социјалните мрежи, повикале на масакр поради одмазда, а особено брутални и застрашувачки биле коментарите на исламистите под текстови во кои станува збор за приведувањето на осомничениот Мирсад Омеровиќ, во Австрија и уште најмалку двајца државјани на БиХ.

Експертите за безбедност од БиХ предупредуваат дека заканите треба сериозно да се сфатат и дека државата мора да ја зајакне антитерористичката борба и истакнуваат дека австриските власти стравуваат од одмазда.

-Не е тешко да се претпостави какви се чувставата кога гледаат како ги приведуваат нивните „браќа“ врзани со лисици. Тешко е да се каже кај кого тоа може да прерасне во револт – рече за „Независне новине“, Предраг Ќераниќ, експерт за безбедносни прашања.

За потсетување Мирсад Омеровиќ, некогашен член на вехабиска заедница во Горна Маоча, полицијата го терети дека ги финансирал терористите и дека е прв човек од ИСИС, чија главна задача била да регрутира млади муслимани во Австрија.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега