Со автомобилот влетал во бурекџилница - детали за несреќата во Тетово

Едно лице е полесно повредено откако вчера некаде пред 20 часот со својот автомобил Голф изгубил контрола и влегол во бурекчилница во тетовско Камењане. Вака сведочат очевидците на страотната и чудна сообраќајна несреќа која се случи  на патот Боговиње - Тетово, кај селото Камењане. 

Како што пишува Дневник, несреќата се случила во понеделникот во 19 часот кога 19-годишниот А.Б. од Боговиње со голема брзина влетало во бурекџилница и берберниц кои се наоѓаат една до друга. Повредени биле две лица, 48-годишниот Ј.И. и 35-годишниот И.И. кои се нашле во бурекџилницата, како и возачот кои веднаш биле пренесени во тетовската болница, по што се пуштени на домашно лекување. 

Возилото ги оштетило двата дуќана, а засега не се знае како дошло до несреќата и како младото момче загубило контрола. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега