Ламбе Алабакоски доживеа тешка сообраќајка на Плетвар - неговиот Меган целосно уништен

Утринава околу 10 часот, на превојот Плетвар, во близина на селото Раец, сообраќајна несреќа доживеа Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабакоски.

Како што пишува прилепскиот портал 10без10, поради лошите услови на патот и влажниот коловоз, Алабакоски изгубил контрола и излетал од патот при што неговото возило завршило превртено на покрив. 

Пејачот е жив и здрав, без потешки повреди, но неговиот Рено Меган е целосно уништен.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега