Неколку лица на распит по инцидентот кај Сити мол

Во текот на вчерашниот ден околу 19:40 часот на улицата „Љубљанска“ во Скопје 20-годишниот В.Ќ. бил нападнат со нож.

До нападот дошло отако В.Ќ.(20) и неговиот брат С.Ќ.(23) од Скопје со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочна улица, се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои започнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале.

За време на нападот едното лице од другото патничко возило со нож му нанел расекотини на В.Ќ. по главата и телото. Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош.

По преземени мерки неколку лица се повикани на разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега