Преголем замав во Хрватска на дрогата која го јаде телото - "крокодил"

 

 

Крокодил и другите синтетички дроги можат да се најдат во продажба во самиот центар на Сплит.

Опасната синтетичка дрога наречена "крокодил", која веќе по првото консумирање почнува да го уништува човековиот организам и остава страшни последици, се појавила на сплитскиот црн пазар.

И покрај тоа, крокодил е многу популарен во наркоманските кругови бидејќи е многу евтин - се прави од таблети за главоболка на база на кодеин, чија цена е две евра по пакетче и се прави во домашни услови, додека хероинот чини од 20 до 50 евра.

Името крокодил, како што веќе ви е познато, не е случајно, бидејќи на зависниците кожата им позеленува како на рептили. Доколку ја промашат вената, на кожата веднаш се појавува гноен чир. Во понатамошните фази отпаѓа месо, се гледаат коските - луѓето буквално се распаѓаат до смрт! Животниот век на зависниците е од 2 до 3 години, а првите зависници во Хрватска се појавиле во март оваа година во Осијек, пишува српски Kurir.

Синтетичките дроги најчесто се рекламираат како хемиски производи наменети за медицински истражувања, а најдобро се продаваат како додатоци кои даваат енергија, односно лесни средства за еуфорија. Најчесто се купуваат во облик на соли за капење, мирисни производи или ѓубриво за билки. Легални се бидејќи се увезуваат со предупредување дека не се за човекова употреба, а корисниците ги пијат, инхалираат, па дури и ги консумираат преку вена.

"Дизајнерските дроги се многу опасни, не може да се следат или да се држат под надзор бидејќи имаат променлив состав. Само во 2014. година во Хрватска се откриени 18 нови дроги! Тестови кои би ги препознале новите опијати не постојат, па лекарите тешко можат да им помогнат на зависниците кои доаѓаат во болница, бидејќи никој не знае за каква супстанца станува збор. Опасна è и еуфоријата, посебно во комбинација со алкохол, бидејќи доведува до застој во дишењето и смрт. Во оваа година од последица на консумирање, починале 18 луѓе во Британија и 8 во Унгарија. Единствен ефикасен начин да се стави крај на сето тоа е превенција", вели за Slobodna Dalmacijaепидемиологот Бранка Јурчевиќ.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега