Потонаа за секунда, панично ја довикуваа покојната Анастасија - полицајците раскажуваат за големата трагедија

Полицаецот Александар Тошиќ кој ги спасуваше момчињата и девојките кои со БМВ влетаа во Дунав, раскажува што се случило кобната вечер. Како што пренесува српскиот Курир, тој касно разбрал дека возачот на автомобилот ја довикува Анастасија, бидејќи постојано извикувал Бебо каде си, излези.

Полицаецот заедно со својот колега бил во ресторан близу до местото каде се случила несреќата. Иако ноќта не биле на должност, спасиле живот. 

- Тргнавме кон дома кога слушнавме звук од автомобил, а потоа ги видовме фаровите на БМВ-то кое влета право во Дунав. Не забележав дека возачот кочи, ниту се слушна шкрипење на гуми. Во следниот момен беа во вода. Се се случи за секунда, вели полицаецот Александар.

Заедно со колегата веднаш истрчале да видат што се случило и да помогнат. 

- Поминаа десет секунди. но автомобилот веќе го немаше. Потона за неколку секунди. Бевме спремни да влеземе во вода, но едното од момчињата успеа да доплива до нас. Додека пливаше викаше Бебо, Бебо каде си...мислевме дека во автомобилот има бебе. Потоа разбравме дека мислел на покојната 17-годишна Анастасија, велат тие за српскиот Курир.

Од водата потоа се појавила девојка со младо момче. Сите излегле од различни делови на реката, која влечела на сите страни.

Сепак, иако направиле се што можеле и несебично го жртвувале својот живот, полицајците жалат што не стигнале порано за да спасат уште животи.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега