Го прободеле со нож и побегнале: Детали за вчерашната тепачка пред Сити Мол во скопски Карпош

Дваесетгодишно момче од Скопје е прободено со нож во тепачка во понеделник вечер, во близина на трговскиот центар „Сити мол“, на ул. „Љубљанска“.

Полицијата информира дека тепачката настанала околу 19.30 часот.

Двајца браќа од Скопје, В.Ќ (20) и С.Ќ. (23), се движеле со атомобил „голф“ по еднонасочна улица при што биле пресретнати од друго возило од кое излегле две непознати лица и физички ги нападнале. Едно од лицата извадило нож и му нанело расекотини по телото и главата на 20-годишниот В.Ќ. по што избегале.

Момчето е префрлено во Ургентниот центар.

Полицијата трага по сторителите и презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега