Труп во фаза на распаѓање пронајден во Велес

Пронајден е машки труп во месноста Кораб близу вливот на реката Бабуна во Вардар. Телото го пронашло лице од Здружението на  спортски риболовци „Бабуна“.  

Пронајдениот машки труп бил во распаѓање, а по барање на Јавен обвинител од Велес  е предаден на обдукција во Судска медицина во Скопје. 

Обдукцијата  треба да ги открие причините за смртта.

Во Велешко годинава како исчезнати се водат три лица.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега