Невремето дојде на Балканот - што очекува Македонија?

Најавеното невреме дојде на Балканот. Србија е зафатена од интензивни врнежи на дожд и смрзнат дожд кој создава проблеми во електричното напојување.

Екипите на Електромрежа на Србија и покрај исклучително тешките услови во кои им се загрозени и животите, ги отклонуваат дефектите во Мајданпрек, Доњи Милановац и Бор за да граѓаните во овие градови што побрзо добијат струја.  Во соопштението издадено вечерва се вели дека временските   услови се исклучително тешки  и ги загрозуваат животите на работниците  кои работат на отстранување на дефектите.  

Од Електромрежа на Србија соопштуваат дека состојбата е толку сериозна што премиерот Александар Вучиќ вечерва од Израел е постојано на телефонска линија со челниците на Електростопанство на Србија и активно ја следи состојбата. 

До прекин на електрична енергија дојде поради замрзнатиот дожд кој непрекинато паѓа, како и поради силниот ветер кој ги кинеше сајлите на делекуводите.   Ветерот и мразот ја отежнуваат работата, и се бараат алтернативни решенија за напојување со електрична енергија. 

Во Македонија времето е врнежливо но не се најавуваат интензивни метеоролошки појави.

Според прогнозата на УХМР, времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи кои ќе бидат со променлив интензитет.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 13 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 23:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега