Страшно: Безживотно тело на девојка исфрлено од автомобил во движење среде центарот на Нови Сад

Засега неидентификувана млада женска особа е пронајдена мртва вечерва околу 18 часот во Нови Сад, Србија. Според неофицијални информации, девојката била застрелана со огнено оружје во автомобилот, а потота фрлена на коловозот. Во тој момент на неа налетало и такси возило.   Портпаролката на Итната помош Др. Мирјана Бурсаќ изјавила за Блиц дека на телото на девојката е пронајдена видлива рана од огнено оружје.  - Лекарите на Итната помош на терен можеле само да ја потврдат смртта, а сеуште не е познат идентитетот на жртвата. Повикот го добивме во 17:55 часот, вели Бурсаќ.  Сведоци изјавиле дека прво слушнале пукање, по што телото на несреќната девојка било исфрлено на патот од возило во движење.  Танјуг дознава дека најверојатно се работи за Марија М (28) која работела како келнерка во локален кафе бар. Возачот на автомобилот во кое е усмртена се наоѓа во бегство.  Во тек е сослушување на таксистот кој со неговото возило преминал врз телото на несреќната девојка.  Спорното возило се упатило кон Бачка Паланка, а министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ наредил сите полициски станици во Војводина да се приклучат во потрагата. Новосадските патроли буквално го блокирале градот. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега