„Збесна" ќерката на Слободан Милошевиќ

Марија Милошевиќ, ќерката на поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ се разбеснила кога дознала дека на нејзиното семсeјтво им го одземаат имотот во Дедиње на улица Ужичка и веднаш напишала жалба до српскиот суд.

Таа сакала да се врати во Србија бидејќи имала каде да живее, а сега мора да ја чека одлуката на судот. Во нејзината намера, како што наведуваат српските медиуми, ја спречува потерницата која е разпишана за неа во 2001 година, поради пукањето во вилата Мир.

- Бесна е поради се што се случува, а разочарана е и од нејзините долгогодишни пријатели во Србија. Огорчена е што нејзиниот татко е прикажан како измамник, изјавил анонимен извор, кој додал и дека Марија има стан на Дедиње кој го издава под кирија и од таа крија преживува во Црна Гора.

Инаку, апелациониот суд во Белград ја потврди првостепената одлука со која од наследникот Слободан Милошевиќ се одзема куќата на улицата Ужичка 34. Судот утврди дека недвижностите се во сопственост на државата. Спорот околку куќата на Дедиње траеше цели 13 години, а Милошевиќ плацот и куќата ги купил во 1999 година за тогашни 9.500 марки.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега