Детенцето се бори за живот, уште еден повреден заврши на Скопските клиники - нови детали

И третиот повреден од вчерашната сообраќајка во Велес вчера попладне беше пренесен на Скопските клиники откако се жалел на болки во главата и вратот.

- По компјутерското снимање беше утврдено дека има скршеница на седмиот пршлен на вратот. Ние извршивме мобилизирање на вратот, а поради сериозноста на повредите го испративме на понатамошно лекување на Хирушкото одделение во Скопје, инфирмира д-р Љупчо Леовод Велешката болница, пренесе Здравство24.мк.

Доцна синоќа уште еден учесник од сообраќајната несреќа на влезот од Велес беше пренесен на Скопските клиники. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија поради здравствени проблеми со градниот кош.

- Најтешко повредениот пациент, детето на 6-7 годишна возраст, уште веднаш по несреќата беше испратено како итен случај во состојба на кома во Ургентниот центар во Скопје, информира д-р Леов.

Повеќе за несреќата прочитајте ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега