Големо невреме вечерва ќе го зафати Балканот

Како што најавуваат метеоролозире во текот на денот и утре во Србија се очекува силен олуен ветер кој ќе достига од 17 до 27 метри во секунда или до 100 километри на час

Според српските медиуми, во Белград ачината на ветерот ќе достигне до 70 километри на час, ќе се кршат гранки и постарите стебла.

-На мета на ветерот ќе бидат и постарите стебла, гранките на дрвата  и послабо прицврстени градби, вели метеорологот Недељко Тодоровиќ.

Не се предвидува снег во Белград, но тој ќе паѓа на останатите места во Србија.

Дали ваквото невреме ќе дојде и во нашата земја засега не е сигурно. Во Македонија преовладува врнежливо време со температури типични за овој дел од годината.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега