Турција: Нападот врз Кобане не е извршен од нашата територија

 

 

 

„Граничниот премин во Мурситпинар го нападнаа џихадистите од групата Исламска држава“, соопшти генералштабот на турската армија.

Во соопштението се истакнува дека не се точни информациите според кои возилото дошло од Турција.

Сириската опсерваторија за човекови права, мониторинг-група со седиште во Лондон, потврди дека офанзивата на исламистите започнала со самоубиствен бомбашки напад во кој учестувало едно оклопно возило на граничниот премин.

Друг бомбаш-самоубиец, кој носел елек со експлозив, подоцна го активирал во истата област, наведе опсерваторијата.

Судирите, според активистите, потоа се разгореле низ целиот град, додека друг автомобил-бомба бил активиран во јужниот дел.

 

Турција има 900 километри долга граница со Сирија.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега