Жолт код за снег и голомразица е прогласен во 14 области во северна Бугарија

 

Предупредувачки жолт код за снег и голомразица е прогласен во 14 области во северна Бугарија за денес, соопштува Националниот институт за метеорологија и хидрологија. Предупредувањето е за областите Видин, Монтана, Враца, Плевен, Ловеч, Габрово, Велико Трново, Русе, Трговиште, Разград, Силистра, Шумен, Варна и Добрич.

Во овие области ќе врне снег и до крајот на денот се очекува снежна покривка со дебелина до 10 сантиметри.

Агенција “Патна инфрастурктура” (АПИ) предупреди возачите кои патуваат во Северна Бугарија да тргнат на пат само подготвени за зимски услови автомобили.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега