Фатени 4 илегални мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје
Синоќа, 10 минути по полноќ на автопатот Гевгелија-Скопје биле фатени неколкумина нелегални мигранти.
При извршена контрола во автомобил марка „мерцедес“ управуван од страна на 25-годишниот Н.Н. од Велес, биле затекнати четворица странски државјани и тоа тројца сомалиски и еден државјанин од Того, без документи за идентификација.
Странските државјани илегално влегле од Грција, а имале намера да заминат во Унгарија а понатаму во земјите од Европската унија.